Лука Модриќ ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид за уште една година, до летото 2021.
Условите како што пишува најчитаниот шпански весник „Марка“ се договорени и открива која била клучната причина за договорот помеѓи Модриќ и Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, една од клазулите во актуелниот договор на Хрватот кој го потпиша во 2016 година и кој има важност до 2020 година гласела – ако Модриќ ја освои „Златната топка“ неговиот договор автоматски се продолжува за уште една сезона.
Оваа клазула засега на јавноста не и беше позната, а двете страни тоа добро го сокриле од јавноста во една од најлошите сезони во историјата на Реал Мадрид во која Модриќ играше навистина лошо.
Но, сега кога заврши сезоната и кога дојде време клазулата на Модриќ да се активира повеќе и нема зошто да се крие.
„Марка“ наведува дека токму поради оваа клазула Модриќ е мотивиран да остане и да се докаже дека ова било само една лоша сезона.
„За разлика од минатото лето кога после одличното Светско првенство на СП сакаше да оди во Интер, Модриќ сега е фокусиран на Реал Мадрид и е максимално мотивиран да ги започне припремите за новата сезона“, пишува Модриќ.
Истиот извор додава дека Модриќ има поддршка од Зинедин Зидан и управата на Реал Мадрид.