Босанскиот репрезентативец изгледа и дефинитивно се сели во Интер.
„Скај Спорт“ објави дека Рома ја прифатила понудата и сега се очекува сагата да биде завршена и Џеко да се пресели на „Џузепе Меаца“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Римјаните чекаа долго, а на крајот ја прифатиле понудата од Интер. Рома како оштета ќе заработи 10 милиони евра и младиот напаѓач Едоард Вергани.
Вергани има 18 години и беше предложен на Сасуоло во склоп на договорот околу Сенси. Меѓутоа место во Вергани, Интер во договорот за Сенси ќе го вклучи 19 годишниот Андреу Адоранте.
Како што се тврди, патот на Џеко кон Интер сега е целосно отворен и само прашање на време е кога ќе пристигне официјална потврда.
Ќе потсетиме, Џеко е голема желба на новиот тренер на Интер, Антонио Конте. „Кориере дело Спорт“ го надополни „Скај“ и порача дека трансферот сигурно ќе биде завршен во текот на оваа недела.
Asse #ASRoma – #Inter, si sta sbloccando l'operazione #Dzeko: le ultime ⬇https://t.co/3sCuzvOmLp
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) June 25, 2019