Арсен Венгер успеа да го задржи Алексис Санчез изминатото лето, уверувајќи го дека Арсенал ќе се бори за трофеи. Но, Чилеанецот очигледно сам сфати дека ова ќе биде уште една лоша сезона за Арсенал, па во јануари речиси е сигурно дека ќе го напушти клубот.
Каде, се уште не е познато, иако најверојатно „Емирати“ ќе го замени со „Итхад“. Заминувањето на Сачез ќе остави голема дупка во и онака „сиромашниот“ Арсенал и играта, но Венгер веќе е во потрага по неговиот наследник.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И го најде и тоа во најлошата лига. Вилфред Заха е апсолутно најдобриот играч на Кристал Палас во кој неретко игра практично сам, а Венгер за репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, е подготвен да плати околу 40 милиони евра.
Заха се повреди во првото коло од ПЛ по што отсуствуваше на шест натпревари, Палас е на последното место во лигата, но откако се врати Заха, тимот славеше против Челзи и освои бод против Вест Хем, па полека почнаа да се будат.
Заха изминатото лето потпиша нов петгодишен договор со клубот, иако е јасно дека нема да го одработи до крај. Санчез пак, има важечки договор до јуни, но Сити е подготвен да плати 30 милиони евра штом се отвори преодниот рок, за Чилеанецот да не им побегне.