Дома Актуелно Се враќа Примера: Реал прв фаворит за круната пред Меси и Барселона

Се враќа Примера: Реал прв фаворит за круната пред Меси и Барселона

la liga

Целиот свет со недели зборува само за него, за Лионел Меси. За неговото, како што се чинеше за момент, извесно заминување од Барселона. Сепак, претседателот Јосеп Марија Бартомеу беше упорен и на крајот го задржа во Барселона. Лут, но присутен. Дури сега навистина ќе можеме да видиме колку Меси навистина побесне и како ќе се носи со тимот. Овој викенд се враќа Примера, официјално најквалитетното национално првенство во Европа, сериозно раздрмано со разочарувачката сезона во Лигата на шампионите во која шпанските тимови не стигнаа ни до полуфиналето.

Сега сигурно ќе сакаат да покажат дека и понатаму се најдобри. Реал пред сите. Не менуваа многу во Мадрид ова лето, никој суштински важен не замина од тимот на Зинедин Зидан, сега засилени со враќањето на Мартин Одегард. Реал оваа прва недела ќе одмара, како и Барселона, Атлетико и Севиља – сите добија продолжен одмор поради настапите во Европа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кралскиот“ клуб секако е прв фаворит за одбрана на титулата, бидејќи прогнозата дека мадриѓани и наредниот мај ќе бидат на тронот во MOZZART обложувалницата се плаќа со коефициент 1,65. Квотата дека Барселона со Роналд Куман и подмладен состав ќе биде победник на првенството изнесува 2,80, Атлетико е веќе далеку со „округли“ 10, додека сите останати можат во фолдерот аутсајдери, бидејќи четврта на листата е Севиља со 30.

Севиља инаку со Виљареал направи веројатно најдобра работа во преодниот рок, го откупи Сусо, го доведе Оскар Родригез, го вратија Иван Ракитиќ, но остана без Евер Банега. Виљареал мина најдобро, за смешно мали пари го доведе Францис Коклан, за џабе го зеде капитенот на Валенсија, Дани Парехо, од Реал на позајмица го доведе Такефуса Кубо и со MOZZART квотата 1,60 е изразен фаворит против Хуеска во неделната пресметка на „Мадригал“.

Кога веќе сме кај Валенсија, се чини дека клубот од „Местаља“ е најголем губитник ова лето, претседателот Питер Лим сите носители на играта ги стави на „оглас“, ги продаде Родриго, Феран Торес, Коклан, остана без Парехо и Езекиел Гарај, па веројатно навивачите ги чека една болна сезона за што сведочи и квотата 2,05 во комшиското дерби со Леванте.

Што се однесува до останатите, треба да се каже дека Реал Сосиедад успеа да ги искористи чувствата на сопругата на Давид Силва и го победи Лацио во трката за потписот на легендата на Манчестер Сити.

Уживајте, ни се враќа Примера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Француската легенда за ситуацијата на Мбапе: Неколку фудбалери и Анчелоти не сакаа да дојде во Реал

Килијан Мбапе летово конечно по долги најави се пресели во Реал Мадрид, но на почетокот на…