Поранешниот прв рекет славеше против Матео Беретини на стартот од натпреварувањето во Пекинг.
Упорноста, силата и пред се знаењето. Тоа е суштината на Енди Мареј, некогаш најдобриот тенисер во светот кој се обидува да се врати на старите славни патеки откако на почетокот на годината имаше тешки проблеми со повреда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И изгледа дека конечно Мареј е на добар пат. Тој денес се сретна со Матео Беретини 13-тиот играч на светот. Водена беше жестока битка во два сета и двата беа решени во тај-брејк за големо славје на Мареј. Ова секако е убава вест за целиот тенис, бидејќи такви шампиони му се потребни на спортот.
Нареден противник во Пекинг на Мареј ќе му биде Камерон Нори кој во овој момент е 69-ти на АТП листата.