Дома Трансфер зона Сестрата на Гризман зборуваше за неговиот потенцијален трансфер во Барселона

Сестрата на Гризман зборуваше за неговиот потенцијален трансфер во Барселона

Минатото лето францускиот напаѓач Антоан Гризман на големо се поврзуваше со трансфер во редовите на Барселона, но потоа Французинот одлучи барем засега да остане во Атлетико.

Во изминативе неколку дена темата за Гризман и Барселона е повторно актуелна. Според информациите на шпанските медиуми се пишуваше дека Гризман го променил мислењето и сега сака го напушти Атлетико.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гризман не бил задоволен од случувањата на „Ванда Метрополитано“ и ги понудил своите услуги на Барселона која е спремна да плати 120 милиони евра, така пренесуваа најголемиот дел од спортските медиуми во Шпанија.

На оваа тема денес зборуваше сестраната на напаѓачот на Атлетико, Муд.

„Да, вистина е. Мојот брат е разочаран поради елиминацијата во Лигата на шампионите. Една од причините поради која остана во Атлетико беше неговата желба да оствари успех со овој клуб во најелитното европско натпреварување. Меѓутоа читањето секојдневно на шпекулациите кои ги пишуваат весниците и интернет медиумите ме заморуваат“.

„На вашањето прашање дали Гризман е во контакт со некој клуб имам јасен одговор. Единствените луѓе кои се грижат за кариерата на Антоан во изминатите години сме јас, мојот татко, Алан и нашиот адвојат Севан Кариан. Ако некој клуб е во контакт треба да биде во контакт со нас, а таков засега нема“, јасно порача Муд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…