Италијанската фудбалска лига ги ажурираше податоците за бројот на навивачи кои ги посетиле стадионите во Серија А во првите девет кола, а бројките се навистина оптимистични, дури и руштат рекорд во ерата на лига со 20 екипи.
Просекот во првите девет кола изнесува 27.134 гледачи по натпревар, додека пред една година после девет гола просекот по натпревар беше 25.686.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Овој просечен број на гледачи беше претходно уште во сезоната 2000-2001 кога во првенството имаше 18 тимови.
Секако дека миланските клубови дадоа најголем дорпинс за овој просек бидејќи Интер доминира со просекот од 64.271 гледачи по натпревар, следи Милан со 56.050 гледачи по натпревар на „Сан Сиро“.
Најмала посета има Сасуоло кој на „Мапеи“ стадионот игра во просек пред 10.521 гледачи.
Интер со добрите игри и резултати повторно е во мода. „Нероаѕурите“ имаат се подобра посета, а повеќе посетеност од Интер во топ 5 првенства од Интер имаат само Борусија Дортмунд, Барселона и Манчестер Јунајтед.