Дома Фудбал Сензација на СП во футсал. Двократните светски шампиони испаднаа од аутсајдерите

Сензација на СП во футсал. Двократните светски шампиони испаднаа од аутсајдерите

Репрезентацијата Венецуела направи една од најголемите сензации во историјата на футсалот откако во осминафиналето на Светското првенство во Узбекистан ја совлада Шпанија со 2:1.

Јужноамериканците поведоа во 13. минута преку Виљалобос, а Шпанија се врати преку Гомез на почетокот на вториот дел.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Се очекуваше дека Шпанците рутински ќе се свртат и ќе стигнат до победата, но не успеаја да го пробијат цврстиот блок на Венецуела. А потоа, на минута и 20 секунди до крајот, аутсајдерите дојдоа до голема победа со голот на Карен. Во четвртфиналето ќе играат против Украина.

Колку Шпанија беше фаворит најдобро говори податокот дека коефициентот за обложување за Венецуела беше дури 15, а за Шпанците 1,05. Но, двократните светски шампиони не ја оправдаа титулата на фаворити и беа елиминирани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Реал Мадрид: Познато колку време Арнолд ќе биде надвор од терените!

Еден од најдобрите десни бекови во светот, Трент Александер-Арнолд, вчера се повреди на по…