Дома Останати Сензација: Клуб од Лихтенштајн ќе игра во групната фаза во Европа!

Сензација: Клуб од Лихтенштајн ќе игра во групната фаза во Европа!

Изминатата вечер за првпат тимови од Косово и Лихтенштајн обезбедија место во групна фаза од едно европско натпреварување.

Интересно е што Вадуц кој е единствен професионален клуб во Лихтенштајн направи сензација и го елиминираше Рапид Виена. Неколку недели Вадуц е една од главните теми во европските квалификации, а сега и обезбеди место во групната фаза.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Претходно го елиминираше Коњаспор, пред една недела дома одигра 1:1 со Рапид Виена, а вчера ги изненади Австријците и победи со 1:0.

Како што споменавме Вадуц е единствениот професионален клуб во Лихтенштајн и игра во швајцарската втора лига. Во евроквалификациите играше благодарение на победата во националниот куп.

И противникот на Шкупи кој вчера во Приштина ги победи со 1:0, Балкани стана првиот клуб од Косово кој ќе игра во групна фаза на едно европско натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…