Помалку познатиот каталонски клуб од шпанската Ла Лига продолжува да импресионира. Во 11. коло Џирона на домашен терен ја совлада Селта Виго со голот на венецуелскиот играч од средниот ред Јангел Ерера во 91. минута од натпреварот.
Џирона доминираше во текот на целиот натпревар, имаше 66 отсто посед и сосема заслужено славеше на крајот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Одличниот почеток на новата сезона е само продолжение на одличната работа што на клупата на каталонскиот клуб ја врши Мишел, роден во Мадрид и поранешен играч и тренер на Рајо Ваљекано.
Мишел ја донесе Џирона во елитното рангирање пред минатата сезона, лани завршија десетти, а сега Реал Мадрид и Барселона и го гледаат грбот.
Џирона е клуб во сопственост на Сити Фудбал Груп, група чиј најпознат клуб е актуелниот европски шампион Манчестер Сити.