Дома Фудбал Италија Селтик – Лацио: Римјаните гостуваат во „пеколот“

Селтик – Лацио: Римјаните гостуваат во „пеколот“

Еден од најинтересните натпревари вечерва ќе се одигра во Глазгов каде шкотскиот шампион Селтик е домаќин на Лацио во групата Е од Лигата на Европа. Селтик е лидер во групата, а Лацио го дели второто место со романски Клуж.

Селтик самоуверен и во одлично расположение

Тренерот на Селтик, Нил Ленон е добро запознаен со големината на задачата која стои пред него. Но тие се во одлично расположение и се полни со самодоверба, гледајќи од високо кон другите екипи во групата. Селтик е на врвот во групата со четири бода, од можни шест. Одиграа нерешено во Франција со Рен, па славеа дома над романси Клуж.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Од оваа гледна точка, нема причина зошто да не веруваме дека Селтик не може да напредува во нокаут фазата на ова натпреварување. Тоа е и целта на Селтик сезонава, а тоа пак ќе помогне да се надополни разочарувањето откако испаднаа во квалификациите за Лигата на шампионите.

Селтик ја зголеми самодоверба со неверојатната победа од 6:0 викендов над Роус Каунти во Паркхед, постигнувајќи четири гола во само девет минути во второто полувреме.

Повеќе лоши, отколку добри работи околу Лацио

Гостите од Рим, досега сезонава неможат да се пофалат со толку добри работи како нивните домаќини, ниту во Европа, ниту на домашна сцена. Лацио се наоѓа на седмото место во Серија А, а во својата статистика има само три победи, три ремија и два порази. Тие имаат постигнато 16 голови и веројатно само со својот напад можат да се пофалат во моментов. Сепак, минатиот викенд одиграа меч за паметење кој може да ги врати нивните надежи за подобра сезона. Играа дома со Аталанта, губеа на полувреме со 0:3, но во вториот дел од 70 минута дадоа три гола за реми 3:3. Сега Инзаги сака да го преслика тој втор дел и во Шкотска во Лигата на Европа.

Лацио не е убедлив во Лигата на Европа

Фудбалерите на Симоне Инзаги беа фаворити во секој поглед после жрепката и сите очекуваа лесно да напредуваат во следната фаза како лидери во групата Е. Но стартуваа на најлошиот можен начин кога загубија со 2:1 во воведниот натпревар на гостувањето кај аутсајдерот Клуж. На поправниот против Рен славеа победа од 2:1 но не беа убедливи. Освен тоа губеа, откако Рен поведе со 0:1. Им следи гостување во Шкотска и во Франција, а тоа никако не е добро за Инзаги кој е свесен дека доколку сака пласман понатаму, ќе мора да освојува бодови и на гостински терен.

Наш предлог:

Двете екипи да постигнат гол @1.67 во Bet365

Прво полувреме да заврши нерешено @ 2.20 во Bet365

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …