Дома Фудбал Англија Селекторот на Англија после Џо Харт го „пречкрта“ и Вилшер

Селекторот на Англија после Џо Харт го „пречкрта“ и Вилшер

Селекторот на англиската репрезентација со голема храброст го составува списокот за Светско првенство.

Откако денес медиумите објавија дека ќе биде изоставен Џо Харт, сека „Скај Спорт“ пренес дека на списокот нема место ни за Џек Вилшер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако Вилшер оваа сезона играше навистина солидно и успеа да ја „оживее“ кариерата во Арсенал, сепак тоа не му помогна да добие повик за Мундијалот.

Плејмејкерот оваа сезона одигра 40 натпревари за „топџиите“ и постигна два гола, а запиша седум асистенции. Сепак, Саутгејт нема да смета на него за СП, па средниот ред на „Гордиот Албион“ најверојатно ќе го сочинуваат Ерик Даер, Деле Али и Џордан Хендерсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим искрен: Ако направам такво нешто, тоа ќе биде крајот за мене!

Рубен Аморим говореше за различни теми, а направи осврт и на притисокот од медиумите за пр…