Maнчестер Јунајтед вчера беше понижен од Ливерпул и „Енфилд“ „црвените ѓаволи“ го напуштија со пораз од неверојатни 7:0.
По овој натпревар медиумите на Островот се потсетуваат на изјавата на поранешниот стопер на Јунајтед, Рио Фердинанд. Пред натпреварот Фердинанд беше убеден во триумф на избраниците на Тен Хаг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Од поодамна не сум бил толку сигурен во победа на Манчестер Јунајтед. Веројатно во последните пет-шест години не сум го дочекал дербито со оптимизам како сега“, изјави Фердинанд.
Не застана тука Фердинанд, ги советуваше Белингем и Даклан Рајс да не се двоумат и да го изберат Јунајтед пред Ливерпул.
„Кога ве сакаат два клуба, треба само да видите што во моментот се случува. Во ваква ситуација ако имаат избор, нема соменвање дека мораат да го изберат Манчестер Јунајтед“, истакна Фердинанд.
По дербито новинарите го потсетија што зборуваше, но сега поранешниот стопер не беше толку расположен за давање изјави.