После 17 одиграни кола во Премиер лигата првопласираниот Ливерпул има само седум бодови повеќе од десетопласираниот Вест Хем.
Ваквата ситуација ни кажува дека гледаме многу неизвесна сезона, а фудбалерот на Ливерпул, Ендрју Робертсон смета дека шампионот на крајот од сезоната ќе има околу 80 бодови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ова е неверојатна и единствена сезона во Премиер лигата. Мислам дека седум-осум тимови се борат за титулата. Сигурно ова првенство нема да биде освоено со 97 или 98 бодови, шампионот веројатно ќе има околу 80 бодови“, изјави фудбалерот на Ливерпул.
Ќе потсетиме Ливерпул во овој момент е лидер на табелата со 33 бода колку што има и второпласираниот Манчестер Јунајтед. На третото место е Лестер со еден бод помалку, Тотенхем е четврти со 29 бодови, исто толку има и Сити на петтата позиција, додека од 6-тото до 10-тото место Евертон, Астон Вила, Челзи и Саутемптон имаат 26 бода.