Некогаш беше еден од најдобрите бекови во светот, а денес не може да пронајде клуб, па мораше самиот себе да се препорача и тоа во најлошиот тим од најсилните пет лиги…
Бакари Сања поранешниот репрезентативец на Франција е понуден на фенерџијата Беневенто од Серија А кој наредната сезона веројатно ќе игра во Серија Б.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако во текот на летото му истече договорот со Манчестер Сити, Бакари Сања е без клуб. Неговиот агенти помеѓу останатите го понудиле и на „вештерките“.
Италијанскиот клуб нема ништо против Сања да им се приклучи, но прво на проба со цел да видат во каква физичка форма се наоѓа фудбалерот и дали може веднаш да и помогне на екипата во борбата за опстанок.
Последниот официјален натпревар Сања го одигра во мај 2017 против Вотфорд.
Како и да е Бакари Сања кој одигра седум сезони во Арсенал и три во Манчестер Сити, вкупно 353 натпревари во Англија и тоа како може да биде од корист.