Дома Топ вести СЕДИ ДОМА И ПОТСЕТИ СЕ: Легендарни Ел Класика кои долго ќе се паметат (видео)

СЕДИ ДОМА И ПОТСЕТИ СЕ: Легендарни Ел Класика кои долго ќе се паметат (видео)

Во време кога има недостаток на спортски настани, а и препораките се да седиме дома, добро е да се потсетиме на легендарните моменти од спортот.

Трката за титулата во Примера оваа сезона е исклучително интересна, па пандемијата ја стопира големата борба помеѓу Реал Мадрид и Барселона.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Додека чекаме првенството и борбата на големите ривали да продолжи добро време е да се потсетиме на неколку нивни легендарни дуели.

Реал Мадрид во 2003 година ја запиша една од најголемите победи над Барселона и славеше со високи 7:0.

Ел Класико кое долго ќе се памети е секако она од сезоната 2005/06 кога Барселона победи со 3:0, а целиот Сантиаго Бернабеу му аплаудираше на Роналдињо.

Највисоката победа Барселона на Бернабеу ја запиша во сезоната 2008/09 кога предводена од Пеп Гвардиола го декласира Реал со 2:6.

Секако, долго ќе се памети и првото гостување на Жозе Мурињо со Реал Мадрид на Камп Ноу, кога беше поразена неговата дефанзивна тактика и прими пет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познати термините за полуфиналињата во Купот на Македоннија

Во полуфиналната фаза од Купот на Македонија ќе се сретнат екипите на Охрид Лихнидос и Сил…