Наскоро потпишува за нов клуб.
Манчестер Јунајтед пред нешто повеќе од половина час потврди дека го раскинува договорот со Златан Ибрахимовиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клубот на својот официјален Твитер профил му се заблагодари на 36 годишниот Швеѓанец на доприносот за клубот во изминатиот период и му посака среќа во понатамошната кариера.
Без оглед на тоа што во август Ибра потпиша нов едногодишен договор со „ѓаволите“, Ибра не успеа да се избори за место во првиот тим на Јунајтед, а за тоа допринесе и повредата на коленото поради која долго време беше надвор од терените.
Оваа сезона Ибрахимовиќ одигра само седум натпревари (пет во Премиер лигата) и постигна еден погодок во Лига купот.
Ибрахимовиќ во наредните неколку денови се очекува да потпише договор со тимот од МЛС лигата, Лос Анџелес Галакси.
#MUFC has agreed to the termination of Zlatan Ibrahimovic’s contract with immediate effect.
Club statement: https://t.co/F0vdXLBPFA pic.twitter.com/ISJVCCjYre
— Manchester United (@ManUtd) March 22, 2018