Дома Фудбал Останато Себаљос скоро и да не забележал разлика помеѓу Реал и Арсенал

Себаљос скоро и да не забележал разлика помеѓу Реал и Арсенал

Дани Себаљос покажува дека Зинедин Зидан можеби требало да му даде шанса во Реал пред да го испрати на позајмица во Арсенал ова лето.

Себаљос во Арсенал игра одлично и на првите четири натпревари запиша две асистенции. За краток период успеа да стане миленик помеѓу навивачите на „топџиите“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Многу сум благодарен. Уште од првиот ден се почуствував како да играм во Англија 10 години. Го обожавам градот, Премиер лигата и Арсенал. Едноставно сум многу, многу среќен што сум дел од овој клуб. Едвај и да забележав разлика помеѓу Реал и Арсенал. Навивачите исто така се многу страствени. Прават многу полесно да се прилагодиш“, изјави Себаљос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заврши летниот трансфер период во најсилните европски лиги. Еве ги 10-те најголеми трансфери

Летниот трансфер период во најсилните европски фудбалски лиги заврши во понеделникот вечер…