Уругвајскиот напаѓач Себастиан Абреу неодамна постави необичен рекорд откако го реализираше својот 28-ми трансфер, потпишувајќи за нисколигашот од Бразил, Бангу.
Абреу го собори светскиот рекорд уште со 23-от транфер, смени девет држави за 22 години, па неговиот подвиг тешко дека може да биде повторен. Стана рекордер и кога на 40 години заигра на Мундијалот во 2010 година.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Започна во 1995 година во Дефенсор, играше и за Депортиво Ла Коруња од 1998 до 2004 година, а потоа започнаа серија на позајмици. Потоа долго се задржа на американскиот континент играјќи за Национал, Монтереј, Ривер Плата, а во Европа се врати во 2009 година во Реал Сосиедад.
Пред Бангу играше за Санта Телка, а претходната година играше за Сол де Америка. Вкупно настапи за 23 клуба, бидејќи во некои се враќање од вкупно 28-те транфери кои ги направи. Играше во Уругвај, Аргентина, Мексико, Шпанија, Ел Салвадор, Бразил, Парагвај, Израел и Грција.
Сепак, Абреу има и со што друго да се пофали бидејќи го постигна одлучувачкиот пенал за Уругвај против Гана за пласман во полуфинале на Светско првенство.