Кристиано Роналдо ја игра најлошата сезона во Ла Лига од кога пристигна во Реал во 2009 година.
Но, она што се случи во градското дерби изненади многумина, сепак тоа сигурно дека е доказ за тоа каков Роналдо гледаме оваа сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се играше 15 минута од натпреварот против Атлетико Мадрид, Модриќ испрати одлична топка за Роналдо кој имаше отворен пат кон противничкиот гол. Акцијата изгледаше идеална, меѓутоа побрз од Роналдо во овој момент беше дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Хуанфран.
(Поради правилата на Ла Лига видеото може да се погледне само на „YouTube“)
Режисерот на пренесот на гледачите и со доказ им го докажа тоа: Хуанфран трчал 33.8 километри на час, додека Кристиано Роналдо 32.8 километри на час. Покрај тоа треба да се истакне дека Роналдо оваа сезона во Примера упати 55 удари кон противничкиот гол и постигна само еден погодок.
Секако на интеренет веднаш се појавија и снимки на кои Роналдо „до вчера“ со леснотија ги претрчуваше своите противници.