Дома Фудбал Саудијците му нудат на Винисиус пет милијарди евра. Откриено е што друго ќе добие освен пари

Саудијците му нудат на Винисиус пет милијарди евра. Откриено е што друго ќе добие освен пари

Винисиус Жуниор (24) добил неверојатна понуда од Саудиска Арабија, јавуваат шпанските медиуми.

Не се наведува за кој клуб станува збор, но Ауна тврди дека Винисиус Јуниор би имал невидена плата во светот на фудбалот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Кристијано Роналдо (39) во Саудиска Ал Наср има плата од 263 милиони евра годишно, што го прави најплатениот фудбалер во светот. Според Footmercato, Винисиус би добил петгодишен договор вреден една милијарда евра по сезона.

Бразилецот во новиот клуб би бил прашан и за спортската политика, нешто како Килијан Мбапе во ПСЖ своевремено. Винисиус би станал и заштитно лице на Светското првенство кое во 2034 година би требало да се одржи во Саудиска Арабија.

Тој е во Реал од 2018 година. Одигра вкупно 279 натпревари и постигна 91 гол. Освои две ЛШ и три шампионати на Шпанија. Минатата недела заврши на второто место во „Златната топка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ако Гвардиола го напушти Манчестер Сити на крајот на сезоната, по него веднаш заминува и големата ѕвезда

Еден од оние кои први би размислил за својата иднина е норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд. Н…