Дома Фудбал Саудиска Арабија никогаш не видела подобар гол, реакцијата на Карим Бензема го обиколи светот

Саудиска Арабија никогаш не видела подобар гол, реакцијата на Карим Бензема го обиколи светот

Фудбалерите на Ал Итихад синоќа на гости кај Ал Ријад победија со високи 4-0, а тимот предводен од Карим Бензема го доби натпреварот уште во првото полувреме (3-0). Сепак, во центарот на вниманието не беше Бензема, туку неговиот соиграч Абдеразак Хамдала, кој постигна нереален гол.

Ал Итихад веќе во првото полувреме го реши прашањето на победникот во оваа пресметка бидејќи имаше предност од 3:0.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Гостите одлично го отворија натпреварот и го крунисаа во 17. минута кога одлично искомбинираа Бензема и Ромарињо, а на крајот францускиот напаѓач погоди за 1:0.

Сепак, сцената потоа ја презеде фантастичниот Абдеразак Хамдала, кој покажа дека и Саудиска Арабија има многу квалитетни играчи.

Хамдалах беше во центарот на вниманието и во 25. минута кога гостинската екипа доби пенал, а тој ја постави топката на белата точка и погоди за 2:0.

Сепак, овој фудбалер приреди вистински спектакл во судиското надополнување во првото полувреме.

Канте додаде за Ал Олајан кој нафрли во шеснаесетникот, а таму Хамдала со фантастичен удар со ножички зголеми на 3:0. Голот погледнете го во продолжение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни има порака до Грилиш:Закажи си летување бидејќи на СП сигурно нема да одиш!

Поранешниот фудбалер на англиската репрезентација и легенда на Манчестер Јунајтед, Вејн Ру…