Искусниот италијански стратег Маурицио Сари е фаворит за тренерското столче на Рома, пренесуваат медиумите на Апенините.
Сари доби отказ од Јувентус минатата сезона, но се уште е на платниот список на „старата дама“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сари во моментов има две понуди, едната е од Фиорентина, но медиумите тврдат дека тој ќе ја прифати понудата на Рома.
Рома најпрво преговараше со Масимилиано Алегри, но проблем е платата која на бара трофејниот стратег.
Поради тоа Сари се смета како фаворит за кормилото на Рома, која веќе е во напредни преговори со неговиот агент.