Италијанскиот фудбалски стратег Маурицио Сари е на мета на неколку клубови пред почетокот на новата сезона.
Сари е без работа откако го напушти Лацио, но е подготвен за нов предизвик. Вчера се појави информација дека Панатинаикос е сериозно заинтересиран за него и дека е подготвена богата понуда од грчкиот клуб. Сепак, Сари се уште не одговорил и можно е да чека попримамлива понуда.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Такво нешто би можел да добие од Лестер кој најверојатно ќе остане без тренер бидејќи Енцо Мареска ќе се пресели на клупата на Челзи.
Профилот на Маурицио Сари одговара на идеологијата на Лестер, а потенцијалното прифаќање на понудата би довело до негово враќање во Премиер лигата по престојот во Челзи во сезоната 2018/19 кога ја освои Лигата на Европа. Исто така се шпекулира дека интер за Сари покажале Болоња и Фиорентина.