Иако се шпекулираше со неговата иднина, Маурицио Сари сепак ќе остане на кормилото на Наполи и следната сезона.
Италијанските медиуми пренесуваат дека после состанокот кој го имал со претседателот Де Лаурентис, Сари одлучил да остане, но под услов тимот додатно да биде засилен.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Раководството на клубот спрема два „поклона“ за Сари, а станува збор за португалскиот репрезентативец Андре Гомеш, како и холандскиот репрезентативец Дејви Класен.
Гомеш е на излена врата од Барселона уште од минатото лето, па сега конечно ќе ја промени средината. Наполи сака да ја искористи ситуацијата и спрема понуда од 30 милиони евра.
Класен не добива голема минутажа во Евертон, па и тој ова лето ќе ја промени средината, а медиумите тврдат дека неговиот агент веќе се договорил со Наполи.