Дома Фудбал Италија Сари за Лацио повика играч кој 993 дена не бил во составот на Јувентус

Сари за Лацио повика играч кој 993 дена не бил во составот на Јувентус

Хрватскиот офанзивец никако не успева да се наметне во Јувентус.

Доаѓањето на Марко Пјаца во редовите на Јувентус во 2016 година после Европското првенство каде што играше одлично привлече големо внимание. Се очекуваше поранешниот играч на Динамо Загреб да продолжи со одличните настапи, но работите тргнаа во друга насока.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


После година ипол Јувентус го испрати Пјаца на позајмица во Шалке, потоа следуваше нова позајмица во Фиорентина. Ова лето се врати во Торино, меѓутоа не забележа ниту една минута поради проблемите со повредите кои го следат цела кариера.

Денес после 993 дена е во поставата на Јувентус ќе видиме дали Сари ќе му даде шанса. Ако Пјаца настапи тоа ќе биде прво излегување на терен за Хрватот после девет месеци. Италијанските медиуми шпекулираат дека му се спрема нова позајмица овој пат во неговиот Динамо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Новиот тренер на Интер отпиша еден од фудбалерите поради – Петар Сучиќ

Петар Сучиќ ќе го одигра својот прв натпревар за Интер на претстојното Светско клупско прв…