Дома Топ вести Санчо е само почеток, Солскјер купува уште две ѕвезди

Санчо е само почеток, Солскјер купува уште две ѕвезди

Манчестер Јунајтед сака значително да го засили тимот во летниот преоден рок и следната сезона да ја нападне титулата во Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ се во напредни преговори со Борусија Дортмунд за Џејдон Санчо и се очекува Англичанецот во наредните денови да пристигне на „Олд Трафорд“ за 90 милиони евра.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Освен Санчо, Јунајтед покажува интерес и за Рафаел Варан, кој е пред излезна врата од Реал Мадрид. „Црвените ѓаволи ги започнаа преговорите и се во пол-позиција за неговиот потпис.

Третото големо засилување треба да биде Едуардо Камавинга кој игра за Рен и би чинел околу 60 милиони евра, но ќе треба да се бори за неговиот потпис со Реал Мадрид и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…