Трансферот на Алексис Санчез во редовите на Манчестер Јунајтед ќе му одговара и на Тотенхем.
Лукас Моура пред да стане јасно дека Алексис Санчез ќе се пресели во Јунајтед беше на чекор од „Олд Трафорд“, но овој Бразилец сега падна во втор план.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Унаи Емери одлучи, Моура се наоѓаа на трансфер листата, а оваа сезона постигна само еден погдок и ниту на еден натпревар не беше во стартниот тим.
Бразилецот потврди дека заминува, „ѓаволите“ беа прв фаворит за негово доведување, но по трансферот на Санчез во Јунајтед, клубот од „Олд Трафорд“ се откажа од намерата да го доведе, па прв фаворит сега е Тотенхем.
Моура во својата изјава со која потврди дека заминува не криеше дека е заинтересиран да настапува во Премиер лигата, додека на „петлите“ им недостасува еден крилен фудбалер, па така овој трансфер би можел да биде полн погодок и за двете страни.