За скандалот во кој се најде Кристиано Роналдо, во кој се обвинува за силување, се огласи и португалскиот селектор Фернандо Сантош.
Роналдо нема да игра против Полска и Шкотска, но Сантош тврди дека изоставувањето на Роналдо нема никаква врска со аферата која се појави и во целост смета дека фудбалерот е невин.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Морам веднаш да кажам дека ги поддружува своите играчи. Меѓутоа тоа не е прашање на солидарност. Едноставно верувам во тоа што играчот го кажа јавно, силувањето е нешто одвратно. Го познавам Роналдо и му верувам за се што кажа. Не е повикан поради одлука која претходно заедно ја донесовме“.
„Одлучивме само да не биде повикан за следните две меѓународни акции. Не сака да оди во пензија. Тоа неколку пати го кажа, спремен е секогаш да биде тука за португалскиот дрес“, изјави Сантош.