Дома Фудбал Останато Само 2 погодоци кои создадоа револт кај навивачите: Тевез не ги заслужува милионите?! (Видео)

Само 2 погодоци кои создадоа револт кај навивачите: Тевез не ги заслужува милионите?! (Видео)

Кога на дебито во кинеското првенство за Шангај заби гол покрај двете асистенции, Кинезите веруваа дека Карлос Тевез ќе ја покори целата лига.

Од тој меч мина половина година, а славниот Аргентинец до денес постигна само уште еден погодок. Од еуфоријата која го зафати Шангај по неговото доаѓање, остана горчина. Кинезите се чувствуваат излажани, а Тевез се почесто зема одмор и ги прескокнува натпреварите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Пред еден месец своеволно замина на закрепнување од повредата на листот, а кога се врати во поразот од Хенан Јианје го дочекаа исвикувања од бесните навивачи.

Еден од најплатените фудбалери во историјата кој неделно заработува 650.000 евра, е на удар на навивачите. Разочарани се од неговата игра, а особено од заложувањето на теренот. Сметаат дека клубот треба да се ослободи од него, а таа опција му се допаѓа и на 33-годишниот Аргентинец кој се уште не се навикнал на Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Николов: Тука сме да ја изненадиме Данска, притисокот е на нивна страна!

Maкедонската фудбалска репрезентација ги одработува подготовките за Светското првенство, а…