Реномираниот британски медиум „Гардијан“ најави дека Барселона во наредните недели ќе ја испрати официјалната понуда за Лука Јовиќ.
Според информациите на овој медиум делегација на Барселона го следела натпреварот помеѓу Ајнтрахт и и Интер, а свој скаути Барселона имала и на вчерашниот натпревар помеѓу Србија и Германија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новинарот на „Гардијан“, Фабрисио Романо пишува дека Барселона е спремна да плати сума од 50 милиони евра за Јовиќ. Но, се додава дека Ајнтрахт многу веројатно ќе бара износ помеѓу 65 и 70 милиони евра.
Ако овој трансфер се реализира тогаш Јовиќ би станал вториот најскап фудбалер под 21 година. На врвот без конкуренција ќе остане Килијан Мбапе за кого Пари Сен Жермен на Монако му плати сума од 180 милиони евра.
Оваа сезона српскиот напаѓач на 36 натпревари постигна 22 погодоци.
Exclusive: Barcelona prepare €50m bid to sign Luka Jovic from Eintracht Frankfurt. By @FabrizioRomano https://t.co/fkCnJQlEM0
— Guardian sport (@guardian_sport) March 20, 2019