Италијанските медиуми пред неколку дена открија дека Сусо имал состанок со раководството на Милан и за време на средбата ги информирал дека сакал да биде продаден за време на зимскиот преоден рок.
Сусо оваа сезона се вклупи во „сивилото“ на Милан и не игра во добра форма, па беше мета на критики од навивачите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најсилен интерес за Шпанецот покажува Севиља, а последните информации од Апенините се дека двата клуба се блиску до договор.
Шпанецот веќе постигна договор со клубот од Андалузија, па сега двата клуба ги договараат последните детали.
Сусо ќе се пресели во Севиља на позајмица, но Милан сака да стави клаузула за задолжителен откуп во висина од 25 милиони евра.
Севиља пак бара да има „право на откуп“, кој ќе стане задолжителен после одреден број натпревари кои Сусо ќе ги одигра во Примера.