Дома Фудбал Останато Салзбург – Марсеј: Дуел на две изненадувања во ЛЕ, анализа и предлог тип

Салзбург – Марсеј: Дуел на две изненадувања во ЛЕ, анализа и предлог тип

Салцбург – Марсеј, дуел на двете изненадувања во Лигата на Европа. Марсеј во мечот влегува со комотна предност од 2:0 по првиот меч. Но откако Салцбург се врати по убедливиот пораз против Лацио, веќе никој не се осмелува да ги отпише предвреме.

Успехот на Марсеј не е случаен

Френк МекКурт на Олимпик Марсеј му даде чувство за насока и чувство на повратена гордост. Тренерот Руди Гарсија е во можност да го воздигне тимот по неколку горчливи разочарувања, по години поминати во сенка.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Не само што Марсеј ја има потребната цврстина со Луиз Густаво, Адил Рами и Морган Сансон, има и многу други нешта во тимот што го прават овој успех неслучаен. Димитри Пајет има неверојатни 18 асистенции во Лига 1 и Лигата на Европа, а тој ги постигна двата гола во победата од 2:0 над Слазбург минатата недела. Извонредниот Флориан Товин има одлична сезона над сите очекувања, ги одигра сите натпревари во Лига 1 и има 5 гола сезонава.

Кога е овој тим во пршање не може а да не се спомене атмосферата која ја наметна одличниот Гарсија од клупата. Сите дишат како еден, се радуваат и разочаруваат заедно, а пак хармониата е на највисоко ниво.

Салцбург веројатно стигна до крајот на патот

По извонредното враќање против Лацио во четврт-финалето, отпишуањето на шансите на Салцбург е опасна работа. Сепак, нивниот неуспех да постигнат гол на Велодром може да се покаже како клучно во овој двомеч.

Во секој случај, интернационалниот тим на Салцбург одиградобар меч во Франција. Без разлика на поразот од 2:0, австријскиот тим беше подобар на теренот и статистички гледано го надигра Марсеј. Доколку одиграат на исто ниво, сите опции ќе бидат отворени но проблемот е што Салцбург не смее да прими гол.

Салцбург сега треба да даде два гола и тоа не е нешто што Салцбург не може да го направи. Сепак да не се прими гол против марсеј кој на последните 5 меча даде 16 гола е речиси невозможна мисија. Затоа, без разлика на негативата во тимот посветуваат големо внимание на одбраната пред овој меч.

Целиот текст прочитајте го на специјализираниот портал kladenje.mk 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…