Дома Фудбал Италија Салернитана може да биде исфрлена од Серија А, а Беневенто да биде вратен!?

Салернитана може да биде исфрлена од Серија А, а Беневенто да биде вратен!?

Салернитана во минатата сезона успеа да се избори за промоација во Серија А после 22 години чекање.

Овој тим пред 22 години испадна од Серија А и сега конечно се врати, но се уште не е сигурно дали ќе ги гледаме во друштвото на најдобрите. Проблемот е што Клаудио Лотито е сопственик на Салернитана, а како што е добро познато тој е газда и на Лацио. Според правилата во еден сопственик не може да има два клуба во Серија А.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Медиумите во Италија пренесуваат дека Лотито добил рок до сабота да ја продаде Салернитана за овој клуб да може да игра во Серија А, ако тоа не биде направено ќе бидат вратени во Серија Б.

Постојат одредени шпекулации дека Лотито во минатото баш од оваа причина не сакал Салернитана да влезе во Серија А, иако имаа неколку одлични сезони, но секогаш остануваа во Серија Б. Лотито не сака да остане без овој клуб и ќе видиме што ќе се случи на крајот.

Во случај Салернитана да биде вратена во Серија Б нејзиното место во Серија А би можело да биде пополнето со Беневенто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…