Финалето во Лигата на шампионите е зад нас Реал Мадрид го совлада Ливерпул со 3:1 и така стигна до својата 13-та титула во најелитното европско натпреварување.
На Олимпискиот стадион во Киев имавме прилика да гледаме одличен натпревар, но љубителите на фудбалот ширум светот беа разочарани бидејќи Египќанецот Мохамед Салах мораше да го напушти теренот после само половина час игра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, светската фудбалска јавност желно исчекуваше давиди што Салах може да направи во големото финале после одличната сезона, на крајот фудбалскиот свет имаше прилика да го гледа Салах само половина час.
Салах се повреди после еден дуел со капитенот на „кралевите“ Серхио Рамос и поради тоа најверојатно ќе го пропушти и првиот натпревар на Египет на Мундијало. Додека светот расправа за тоа дали Рамос намерно го повредил Салах еден кувајтски имам смета дека Египќанецот самиот е виновен за тоа што му се случи.
Ѕвездата на Ливерпул одлучи да го прекине рамазанскиот пост пред финалето во Лигата на шампионите, но имамот Мубарак ал-Батали смета дека како муслиман не смеел да направи исклучок во никој случај и дека повредата е еден вид казна.
Мубарак ал-Батали исто така на својот Твитер профил порача:
„Имамите кои му кажаа дека е прифатливо да го прекине постот, дозволија да му се случат некои работи“.
Во следните твитови, Ал-Батали порача дека она што му се случи на Салах може да се смета како еден вид опомена за верниците.