Дома Фудбал Лига на шампиони Салах отвори на почетокот, Ориги стави точка – Ливерпул е новиот шампион на Европа! (ВИДЕО)

Салах отвори на почетокот, Ориги стави точка – Ливерпул е новиот шампион на Европа! (ВИДЕО)

Вечерва се одигра долго очекуваното финале во Лигата на шампионите на „Ванда Метрополитано“ помеѓу Тотенхем и Ливерпул.

На крајот трофејот од Мадрид го однесе Ливерпул кој славеше победа со 0:2.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


После само 20-тина секунди Ливерпул доби пенал. Иако беше сомнително, главниот судија на сметаше дека има доволно аргументи и покажа на белата точка. Мохамед Салах ја превзема одговорноста и го доведе Ливерпул во водство.

После овој гол се очекуваше да гледаме супер интересно финале, но очекувањата не исполнија, се играше без многу шанси.

Второто полувреме донесе нешто поинтересна игра, а точка на натпреварот стави Ориги со голот во 88-та минута.

Ќе потсетиме Ливерпул минатата година изгуби во финалето од најелитното европско натпреварување од Реал Мадрид, а веќе оваа година успеаа да стигнат до трофејот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ѕвезда на Барселона доби неограничено отсуство: Не се знае кога ќе се врати во тимот

Капитенот на Бaрселона Роналд Араухо (26) доби дозвола од клубот за неограничено отсуство …