Дома Фудбал Останато Садио Мане е прогласен за најдобар африкански фудбалер

Садио Мане е прогласен за најдобар африкански фудбалер

Сенегалскиот репрезентативец и член на Баерн Минхен, Садио Мане, по втор пат во кариерата е прогласен за најдобар африкански фудбалер.

Мане истото признание го доби пред три години, а овогодинешната награда ја заслужи со одличните настапи во Ливерпул и репрезентацијата на Сенегал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Второто место му припадна на веќе неговиот поранешен соиграч, Мохамед Салах, а трет беше голманот на Челзи, Едуард Менди.

Тој со репрезентацијата на Сенегал за прв пат триумфира во Африканскиот куп на нации, а одлучувачкиот гол во финалето против Египет го постигна токму Мане од пенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лондонски клубови со интерес за Стeрлинг

Кариерата на Рахим Стeрлинг е во сериозен застој веќе некое време. 31-годишниот играч на Ч…