Челзи или Атлетико Мадрид?
Сагата заврши! Диего Коста станува нов фудбалер на Атлетико Мадрид, но натпревари ќе може да игра дури од јануари. „Јорганџиите“ за услугите на Атлетико, платија сума од 55 милиони евра, а 10 ќе ги исплатат преку бонуси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега се поставува прашањето кој ќе го плаќа Диего Коста до јануари, имајќи ја предвид санкцијата според која Атлетико Мадрид не смее да доведува фудбалери, но и фактот дека трансфер периодот не е отворен.
Одговорот гласи – Челзи!
Значи, Диего Коста ќе биде на платежниот список на Челзи се додека не започне јануарскиот преоден рок.
Имајќи ја предвид платата од 200.000 евра неделно не е тешко да се пресмета дека Коста од Челзи до јануари ќе инкасира 2.8 милиони евра.