Милинковиќ Савиќ практично со една реченица изгледа дека се прости од навивачите на Лацио…
Мундијалската авантура е завршена за Сергеј Милинковиќ Савиќ и сега е време да се врати на клупската кариера. Српскиот играч за врска во наредните денови ќе мора да донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веќе со месеци се шпекулира за негов трансфер во голем клуб, се споменуваа Реал, Барселона, клубовите од Манчестер, ПСЖ, Јувентус…Но, Лацио успеваше да одолее на сите понуди, а сопственикот на неговиот клуб, Лотито одреди цена од 150 милиони евра за старт на преговорите.
„Сега се врќам во Лацио, дали ќе останам или заминам многу зависи од претседателот, Лотито и спортскиот директор Таре. Зборував со нив, цената од 150 милиони евра не е никаков проблем за мене, тоа ми претставува само мотивација да бидам уште подобар“, изјави Савиќ, потоа следуваше реченица која може да се сфати како простување од навивачите на клубот од Рим..
„На навивачите на Лацио можам да им порачам дека овде поминав три преубави години и дека засекогаш ќе бидат во моето срце. Сега ќе видиме што ќе се случува понатаму“…
Потоа новинарите го запрашаа за Јувентус кој веќе подолго време се споменува како сериозна опција, но не добија конкретен одговор.
„Ќе размислам во наредните неколку денови“…