Дома Останати Русија обвини: Церемонијата на ОИ беше неуспех, Париз е претворен во гето

Русија обвини: Церемонијата на ОИ беше неуспех, Париз е претворен во гето

Русија се уште е под забрана за учество на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз поради инвазијата во Украина.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, сепак не пропушти да го искоментира почетокот на ЛОИ кој го одбележаа контроверзи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Захарова ги обвини организаторите дека не се погрижиле доволно добро за навивачите, по падот на железничкиот сообраќај, па дел од нив морале да останат на дожд со часови.

Таа го критикуваше и Париз и кажа дека градот е претворен во гето и е „прегазен со стаорци“, како и фактот дека олимпискиот факел го носел „раперот зависник од дрога Снуп Дог“.

Захарова, исто така, ја осуди „ЛГБТ пародијата на Тајната вечера“, со „апостоли претставени како трансвестити“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Неверојатно: Линдзи Вон почна да тренира 25 дена по страшната повреда

Американската скијачка Линдзи Вон повторно го остави светот без зборови. Само 25 дена по с…