Дома Фудбал Англија Руни: Покетино е вистинскиот човек, ако Солскјер замине!

Руни: Покетино е вистинскиот човек, ако Солскјер замине!

Легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни смета дека Солскјер треба да добие шанса да го води тимот и следната сезона.

Во спротивно, Руни го посочи актуелниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Покетино како идеално решение за клупата на Манчестер Јунајтед.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Солскјер дојде како привремено решени после отказот на Мурињо во декември, и од тогаш запиша девет победи и само едно реми со „црвените ѓаволи“.

„Би било убаво Оле да продолжи со оваа форма и да добие работа за постојано. Ако тоа не се случи и клубот избира друг менаџер, тогаш сметам дека Покетино е вистинскиот човек“, изјави Руни.

33-годишниот Руни во моментов настапува за ДС Јунајтед во американската МЛС лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аларм во Бразил: Рафиња се повреди!

Напаѓачот на Барселона се здоби со повреда што предизвика загриженост кај навивачите на бр…