Дома Фудбал Останато Руни зборуваше за Клоп: Се е супер кај него само грешка му е што работи во Ливерпул

Руни зборуваше за Клоп: Се е супер кај него само грешка му е што работи во Ливерпул

Легендата на англискиот фудбал, Вејн Руни го смета Јирген Клоп за еден од најдобрите менаџери на денешницата.

Руни кој е роден во Ливерпул во детството бил голем навивач на Евертон, а во текот на кариерата освен за „Карамелите“ настапуваше за Манчестер Јунајтед и клубот каде што игра денес Ди-Си Јунајтед во САД.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во последната изјава за медиумите Руни зборуваше за Јирген Клоп.

„Јирген Клоп е менаџер за кој секој професионалец би сакал да игра. Тоа се гледа потоа колку играчите се забавуваат со него. Неколку пати го сретнав, тој е одлична личност. Неговата единствена грешка е што работи во Ливерпул и што таму има успех“, изјави Руни.

Германскиот стратег направи Ливерпул да биде еден од најдобрите клубови во овој момент. Ливерпул минатата сезона ја освои Лигата на шампионите, додека во Премиер лигата „Црвените“ завршија како второпласирани во трката со Манчестер Сити до последното коло.

„Сметам дека освојувањето на ЛШ за нив е само почеток. Имам голема почит кон Клоп и сето она што го постигна. Не само во Ливерпул, туку и во Дортмунд. Навистина е способен. Неговите најдобри години допрва ќе дојдат“, смета англискиот ветеран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…