Дома Фудбал Англија Руни: Во Манчестер во 2017 година се чуствував засрамено

Руни: Во Манчестер во 2017 година се чуствував засрамено

roney

Вејн Руни после прошталниот натпревар од репрезентацијата на Англија во интервју за „Скај Спорт“ призна дека се чуствувал непријатно и засрамено во последните денови во Манчестер Јунајтед.

Руни знаел дека мора да замине некаде на друго место, иако Жозе Мурињо го замолил да го подигне трофејот во кој практично и не дал свој допринос. После Јунајтед, Руни се врати во Евертон, но после само една сезона се пресели во американскиот Ди-Си Јунајтед.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Постојат моменти кога се сомневате во сопствените можности и се запрашувате дали сте доволно добри. Тоа ми се случи кога Мурињо одлучи да ме изостави од тимот. Верував дека можев да се вратам во стартниот тим, но никогаш не добив шанса. Влегов на една минута во финалето од Лигата Европа, како и против Саутемптон во финалето на Лига Купот и да бидам искрен не ми беше оријатно, се чуствав засрамено“.

Токму натпреварот против Саутемптон во февруари во 2017 година Руни одлучил дека е време за нов чекор.

„Ми беше непријатно. Прв пат си помислив дека би морал да заминам. Мурињо во еден момент дојде и ми кажа дека сака да го подигнам трофејот, иако си помислив: Зошто јас кога не ни играв. Беше упорен, па му ја исполнив желбата, бидејќи тоа беше негов прв трофеј во Манчестер. Сепак, знаев дека дојде времето за нов чекор“, откри Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…