Дома Актуелно Румениге за Алаба: Како може играч кој добива покачување од 15 на 19.5 милиони евра да не биде задоволен?

Румениге за Алаба: Како може играч кој добива покачување од 15 на 19.5 милиони евра да не биде задоволен?

Карл Хајнц Румениге на крајот на овој месец ќе се повлече од Баерн, а во иднина прв оперативец на Баерн ќе биде Оливер Кан.

Во разговор за „Кикер“ Румениге истакна загриженост поради насоката во која се движи фудбалот. Како пример го посочи Давид Алаба кој затоа што Баерн не му даде поголема плата премина во Реал Мадрид.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Ние самите созадовме еден демон „трансфер пазар“…Голем број клубови во Европа се на работ на егзистенција. Многу клубови во Германија едвај преживуваат…да не зборувам за пониските лиги. Мораме навистина да разговараме за лимит на плати и ограничувања“.

Потоа го посочи примерот на Алаба.

„Не ми е јасно како некој играч кој заработува 15 милиони евра не е задоволен со покачување на 19.5 милиони евра“, коментира Румениге.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…