Германскиот дефанзивец, Антонио Рудигер би можел да го напушти Челзи на крајот на оваа сезона.
Рудигер игра одлично во дресот на лондонскиот клуб откако пристигна летото 2017 година. Германецот е стандарден во екипата на Челзи, но изгледа дека е спремен за нов предизвик во кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
28-годишниот фудбалер со „сините“ има договор до крајот на оваа сезона и изгледа нема намера да го продолжи. Германските медиуми објавија дека Рудигер сака да го напушти Челзи наредното лето, како најсериозна опција се споменува враќање во Бундеслигата.
Голем интерес за Рудигер покажа Баерн Минхен кој веќе спреми договор за него и тој ќе има право уште на почетокот на јануари да потпише за шампионот на Германија без оглед што се уште е играч на Челзи. Откако пристигна на собирот во репрезентацијата германските медиуми веднаш го прашаа за интересот од Баерн.
„Мојата иднина? Се чувствувам добро во Челзи и се е на свое место. Интересот од Баерн ми годи и тоа е знак дека работам добро во кариерата“, изјави Рудигер.