Maнчестер Јунајтед денес и официјално потврди дека Маркос Рохо повеќе не е член на овој клуб.
Овој 30 годишен дефанзиве не се наигра во последно време на „Олд Трафорд“ и одлучи дека е време да замине. Последниот меч за Јунајтед го одигра пред повеќе од една година и беше јасно дека Оле Гунар Солскјер не смета на него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рохо во Јунајтед пристигна летото 2014 година од Спортинг и одигра вкупно 122 натпревари, но не ги оправда очекувањата.
Набрзо откако беше потврдено дека повеќе не е играч на Јунајтед стигна информација дека Рохо ќе игра за Бока Јуниорс.
🔴 We'd like to thank Marcos Rojo for his time at United and wish him the best of luck for the future! 🇦🇷#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) February 2, 2021