Дома Топ вести „Росонерите“ како да сонуваат: Не е само Сергеј, Милан на мета има уште две „бомби“!

„Росонерите“ како да сонуваат: Не е само Сергеј, Милан на мета има уште две „бомби“!

Италијанските медиуми објавија неколку (не) возможни сценарија.

Милан сака да направи исчекор оваа сезона и да се обиде да се пласира во Лигата на шампионите, но тоа ќе биде навистина тешко бидејќи конкурентите се засилуваат.
Гатузо ги доби Калдара и Игуаин и овие двајца изгледаат како навистина одлични засилувања.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Денес се појави и најавата за тргнување по потписот на Сергеј Милинковиќ Савиќ од Лацио.

Но, сега стигнуваат уште добри вести за „росонерите“. Наводно, Милан спрема уште две големи засилувања.

Прво од нив е Адриен Рабио, Французинот беше мета на Барселона, но откако Видал потпиша за Каталонците јасно дека нема да заврши во Каталонија. Неговиот договор со ПСЖ истекува наредното лето.

Според информациите Милан веќе стапил во контакт со менаџерот на Рабио, Мино Раиола.

Втората опција е Матео Ковачиќ, Хрватот веќе се поврзуваше со Милан без оглед на тоа што во минатото го носеше и дресот на градскиот ривал Интер.
Во клубот се надеваат на добри вести од управата на „кралевите“ за играчот кој се очекува ова лето да го напушти Мадрид.

Сумата за Рабио би требало да изнесува околу 40 милиони евра, додека за Ковачиќ не се наведуваат бројки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…