Вечна мистерија ќе остане одговорот на прашањето каде ќе завршеше Лус Назарио де Лима Роналдо доколку немаше проблеми со колената.
Таква експлозивност, брзина, дриблинзи и рутина веројатно никогаш не е видена во историјата на фудбалот, а за уште поголема доминација го спречија бројните повреди.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бразилецот беше чудесен во дресовите на ПСВ, Барселона, Интер и Реал, како и репрезнтацијата на Бразил со која во 2002. годиа беше светски првак.
Во разговор за Sports Illustrated, Роналдо приза дека редовно го гледа своите клипови, а има и омилени.
„Да, скоро секоја недела. Сакам сите да ги гледам. Сепак, имам и омилено видео. Едно момче направи компилација од моите 256 протнувања на топката низ нозете на противникот. Не можам ни сам да поверувам дека сум направил толку. Обожавам да го гледам тоа видео.“ – открива Роналдо.