Ѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо даде големо божиќно интервју за „ДАЗН“ во кое зборуваше за многу теми.
Португалецот нема сомнеж дека тој е најдобар играч во Серија А и дека игра во најдобриот италијански клуб, а откри дека во иднина нема да биде тренер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мојот свет е фудбалот, но и тоа што се случува надвор од него. Сега сум веќе и бизнисмен и тоа е нормално кога правиш нешто различно и надвор од фудбалот. Сепак, најважен дел од мојот живот се уште е фудбалот, иако се занимавам и со други работи“, изјави Роналдо.
„Во Италија ми се допаѓа се, не само храната. Ми се допаѓа италијанската култура, менталитетот. Моментално сум во најдобриот клуб во Италија, во Јувентус ми е прекрасно и не ми недостасува ништо“.
Роналдо меѓу другото истакна дека освојувањето на Европското првенство во 2016 година е најважниот трофеј во неговата кариера и дека воопшто не го привлекува тренерската работа. На прашањето кој е најдобар играч, а кој најдобар дефанзивец во Серија А одговори:
„Најдобриот играч стои пред вас. Јас ја добив наградата за најдобар играч во Серија А. Што се однесува до дефанзивците најдобри се Бонучи, Киелини и Де Лихт“, истакна Португалецот.
SIUUU!
— DAZN Italia (@DAZN_IT) December 18, 2019
Cristiano Ronaldo ci racconta come è nata la sua esultanza
Linea Diletta torna il 26 dicembre. Solo su #DAZN pic.twitter.com/VqKxDRU456