Дома Фудбал Роналдо си замина, Бензема со фантастичен старт – никогаш не бил подобар!

Роналдо си замина, Бензема со фантастичен старт – никогаш не бил подобар!

Почеток од соништата за Французинот.

Кристиано Роналдо го напушти Реал ова лето, навивачите се помирија и сега имаат нови миленици. Еден од нив сигурно е напаѓачот Карим Бензема, кој сезоната ја започна со пет погодоци на четири одиграни натпревари, ако ги гледаме натпреварите во Ла Лига има учинок од четири гол на три натпревари.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Колку оваа сезона е поинаква за Французинот во однос на минатата говорат и бројките. Бензема во минатата сезона постигна чеитри гола дури во 25-тата недела, а тоа беше кон крајот на февруари против Алавес. Во целата претходна сезона постигна само пет погодоци.

На Бензема очигледно му годи отсуството на Португалецот, но и доаѓањето на новиот тренер Лопатеги, кај кого очигледно има поинаква улога отколку кај Зидан.

Напаѓачот на „кралевите“ во последниот натпревар против Леганес постигна два погодоци и очигледно е дека ужива на теренот, а навивачите започнаа и да го скандираат неговото име.

Бејл исто така ја започна фантастично новата сезона и има учинок од три гола на последните три натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА ги шокира: По 120 години се изборија за Европа, а сега – нема да играат?!

Фудбалерите на Кристал Палас сѐ повеќе се оддалечуваат од можноста да играат во групната ф…